(ВИДЕО) Смилевски: Ќе изградиме пешачки мостови и патеки на двете страни од реката Серава

Од:

Велимир Смилевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Бутел вети изградба на нови патеки на двете страни од реката Серава.

„Со децении граѓаните на општина Бутел ги мачи проблемот со регулацијата на коритото на реката Серава. Благодарение на претходната локална власт, реката претставува синоним за депонија и дива фекална канализација.

Претходната локална власт, имаше ветено изработка на проект за етапна изградба на пешачки и велосипедски патеки во должина на едната страна на реката Серава, во населено место Живко Брајковски. Зошто и по 12 години не е уредено коритото на Серава?

Наше ветување е дека, „Недостаток од пешачки и трим патеки на територија на општина Бутел ќе го надоместиме со изградба на нови патеки на двете страни од реката Серава. Ќе се постави урбана опрема како што се клупи, канти за отпадоци и ќе се изградат два пешач- ки моста. По целата патека долш течението на реката ќе се постави економично улучно LED осветлување и ќе може да се корист во ноќните часови. На еден дел од патеката ќе се постави надворешна урбана опрема за вежбање и рекреација. Со тоа ќе овозможиме социјализација на граѓаните и подобрување на навиките во насока на здрав живот.

Бутел ќе биде услужна и отворена општина, вратите на Градоначалничкиот кабинет постојано ќе бидат отворени.

Одлуката како ќе гласате во недела на 29-ти, ќе си ја донесите сами. А јас можам да Ви ветам дека ќе го дадам својот максимум, ќе ја вложам целата своја енергија, знаење и искуство и сите планирани работи, капитални проекти ќе ги реализирам, заедно со советниците и мојот тим. За тоа ќе ми треба бројот 19 на Вашето гласачко ливче. И ми треба вашата доверба и заедничката желба за подобар Бутел“, рече Смилевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците