(ВИДЕО) Бубало: Трајковски и пред четири години ветуваше градинка во Стајковци

Од:

Милица Бубало, носител на советничка листа во општина Гази Баба од коалицијата „За живот во Македонија“ денеска во изјава за медиумите рече дека промените во Гази Баба се реалност и дека по завршувањето на вториот круг од локалните избори општината ќе добие нова и одговорна централна власт.

– Заврши времето на лажни ветувања и работење водени единствено од личните интереси. Тони Трајковски во изминатите 8 години вети толку многу проекти и ништо не реализираше. Се што вети остана само напишано во неговата програма, а немаме ни трага од некој квалитетен проект. Бесрамно ги излажа граѓаните на Стајковци на кои кога се кандидираше за претходниот мандат им вети изградба на градинка, рече Бубало.

Таа додаде дека во оптината денес нема ни градинка, ни квалитетни услови за безгрижно детство на најмалите, а Трајковски повторно ветувал изградба на градинка и тоа не само во Стајковци, туку и во Трубарево и Инџиково.

– Граѓаните знаат дека ова се само празни ветувања на човекот на кој ќе му биде запечатена политичката судбина на 29-ти октомври. Граѓаните ќе го казнат целото неодговорно однесување на Тони Трајковски изминативе години. Се определија за живот за сите во цела Македонија. Како и во првиот круг така и на 29 ти октомври граѓаните ќе се определат за живот и во Гази Баба, рече Бубало.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда