Реформаторите во Брисел: ВМРО-ДПМНЕ што поскоро да се реформира за да биде силна и конструктивна

Од:

Претставниците на Внатрепартиската Иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски, Петар Богојески, Костадин Богданов и Драган Лазаров беа на работни состаноци во Брисел, каде што остварија средби во Европскиот Парламент и во Европската комисија.

Оваа посета на членовите на Иницијативата е продолжување на редовната комуникација со Брисел и континуитет на средбите кои беа остварени на минатата посета, во септември, со Европратеникот од Германската ЦДУ на Ангела Меркел, Елмар Брок и со Кристијан Преда, кој е Известувач на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

На посетата, која се одржа на 17 и 18 октомври, во Европскиот Парламент беа остварени средби со Европратеничката тројка за Македонија: Иво Вајгл, кој е известувач во Европскиот Парламент за Република Македонија, Кнут Флекенштајн, Европратеник од Германија, како и претставници од Кабинетот на Европратеникот, Едуард Кукан. Исто така, беа остварени средби и со Заменик-претседателот на Групата на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент, Андреј Ковачев и со претставници на Европската комисија задолжени за следење на напредокот на Република Македонија во Евроинтеграцискиот процес, како и со Поранешниот Амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Ерван Фуере.

На средбите беа истакнати заложбите за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, како неопходен и незапирлив процес, особено по резултатите што ги оствари партијата на првиот круг од Локалните избори. Истакната е обострана загриженост за падот на рејтингот на ВМРО-ДМНЕ и стабилноста на опозицијата во Република Македонија. Заеднички заклучок е дека ВМРО-ДПМНЕ мора што поскоро да се реформира со цел да биде силна и конструктивна опозиција, која ќе биде коректор на власта, а воедно и ќе придонесува за политички консензус со цел напредок на Република Македонија кон Евро-атлантскиот пат. Истовремено, беше нагласено дека реформите во ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат суштински со цел воспоставување на вистинска внатрепартиска демократија и во таа насока, не треба да се импровизира со организирање на т.н. „приватен партиски конгрес“ по завршување на изборите, кој што може да се одрази штетно, не само на партијата, туку и на демократијата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Европските лидери го преправија планот на Трамп

Европа има три предлози за измени во мировниот план на Трамп во Женева, но ниеден не е прифатлив за Москва

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ЕУ формира својот план за Украина, Мерц на чело на процесот

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ЕУ не го поддржува мировниот план на САД