К.Л. (60) од Битола вчера во 12 часот бил пронајден мртов во бунар во викендица во атар на село Братин Дол, битолско.
Како што соопшти МВР, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.