Семинар „Денес национални, утре НАТО лидери“

Од:

Центарот за економски политики, анализи и консалтинг (ЦЕПАК) во соработка со НАТО дивизијата за јавна дипломатија од Брисел денеска и утре организира семинар на тема „Денес национални, утре НАТО лидери“.

На овој дводневен семинар, кој ќе се одржува во Скопје, ќе учествуваат 50-тина студенти од дел од приватни универзитети во државата. Предавања ќе одржат проф. д-р Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана во независна Република Македонија, генерал потполковник Мирослав Стојановски, поранешен Началник на ГШ на АРМ, Димитар Белчев, поранешен дипломат на Мисијата на Република Македонија при Европската Унија, м-р Катерина Шојиќ, м-р Весна Поповска, претставници од Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи и претставник од НАТО Алијансата.

Центарот за економски политики, анализи и консалтинг информира дека семинарот има за цел проширување на знаењата на учесниците за НАТО како меѓународна политичко-воена организација, а преку обработка на повеќе теми ќе бидат афирмирани вредностите на НАТО Алијансата, политиките на НАТО за отворени врати и позитивното влијание од идното членството на Република Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски