(ВИДЕО) Мицевски изрази благодарност до сите граѓани: Сега имаме голема обврска да обезбедиме живот за сите

Од:

Борјанчо Мицевски, новоизбраниот градоначалник на Крива Паланка денеска се заблагодари за поддршка и честиташе на граѓаните за победата на СДСМ и коалицијата со што ќе биле заокружени промените во целата држава, а 15 октомври рече дека е празник на демократијата.

– Вака изгледа Крива Паланка кога се гласа без притисоци, слободно и демократски. Изразуваме благодарност пред се до сите граѓани, но и до сите институции кои што овозможија слободни и демократски избори. Благодарение на вашиот ангажман Крива Паланка и севкупно Македонија се гордее со овој величествен демократски ден, рече Мицевски.

Тој додаде дека граѓаните покажале колку се важни локалните самоуправи и општините и дека сега имале голема обврска да обезбедат живот за сите.

– Најавивме ново време на одговорна, отчетна и транспарентна власт. Како градоначалник на Крива Паланка, ветувам дека ќе се грижам за сите граѓани без разлика на нивната верска, национална, политичка етничка припадност. Верувам во вас и верувам во мојот тим, верувам дека заеднички ќе се избориме за просперитетна и европска Крива Паланка за сите да живеат еднакво и достоинствено, додаде Мицевски.

Би можело да ве интересира

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Митовски: Водата ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена