Носителот на советничка листа на една од политичките партии заврши во полициска станица

Од:

Носител на советничка листа на една политичка партија во општина Гази Баба вербално се заканувал на член од спротивната политичка партија за време на гласањето на старите и изнемоштени лица во општината.

– Откако членовите на избирачкиот одбор завршиле со гласањето на стари и изнемоштени лица, ја донеле кутијата со гласачки ливчиња во Основното училиште „Кирил и Методиј“ со цел да се затвори гласањето. Во тој момент започнала вербална расправија со погрдни зборови и пцовки помеѓу лицата, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Лицето кое се заканувало било пријавено во полиција и моментално се наоѓа во полициска станица од каде бил повикан на информативен разговор.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

46-годишен маж е пронајден починат во двор во Гази Баба

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата