Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази надеж дека нуклеарниот договор со Иран може да се спаси, соопшти портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, по одлуката на американскиот претседателот Доналд Трамп да не го потврди.
Гутереш, како што посочи Дужарик, го смета договорот како „голем чекор во консолидирање на неширењето на нуклеарното оружје“.
Договорот, покрај Иран, го потпишаа Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД, за време на мандатот на поранешниот претседател на САД, Барак Обама.
Инспекторите на ОН претходно соопштија дека Иран го почитува договорот, вклучувајќи го и ограничувањето за збогатување ураниум.