Петнаесетгодишник синоќа бил физички нападнат од десетина лица на возраст од 13 до 17 години, додека се движел со девојката по ул. „101“ во село Волково во Скопје.
Нападот во полицијата го пријавил неговиот татко С.К.(41). Според пријавата, синоќа во 21.30 часот додека малолетникот се движел по улица заедно со неговата девојка напаѓачите му пришле од зад грб и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци, во пределот на главата и телото, информира денеска МВР во редовниот Билтен.
Од нападот момчето се здобило со телесни повреди, констатирани од лекар во Ургентен центар „Мајка Тереза“ – Скопје.
СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.