Заев од Долнени: Колку повеќе ги враќаме парите назад, толку повеќе граѓаните ќе си ги плаќаат давачките

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска имаше средба со жителите на Општина Долнени и населеното местото Дебрешта.

Пред жителите од овој крај Заев рече дека со чесна и одговорна политика има пари за се. Има пари за бунари за наводнување, за довршување на акумулацијата која што е важна за обезбедување вода за целиот овој регион на Долнени, има парии за субвенции, за нови улици и за спортска сала, додаде Заев.

„Има пари во Македонија, само треба чесни политичари да ја водат државата, да ја водат општината. Јас ви најавувам време на исклучителна чесност, кога ќе најдеме пари за се. За се она што е важно и приоритет за сите граѓани на територијата на цела Република Македонија. Тоа се ваши пари во буџетот. Колку повеќе ги враќаме назад, толку повеќе граѓаните ќе си ги плаќаат давачките, вересиите што ги има по дуќаните, кредитите по банките, парите пак се враќаат во буџетот. Нема зијан ако граѓаните наши имаат пари. Ќе ја биде Македонија, само ако граѓаните ни бидат побогати. Никаде нема успешна држава со сиромашен народ. Затоа јас сум убеден дека политиката на враќање на парите назад кон граѓаните е иднината на Македонија и верувајте со чесна политика ќе изнајдеме доволно средства за сите политики, за кои што се залагаме“, порача Заев.

Лидерот на СДСМ најави дека од наредната година Владата предводена од СДСМ ќе ја исправи неправдата што ја трпат граѓаните во цела Македонија, а тоа е потребата да им се обезбеди социјална пензија.

„Имаме возрасни граѓани, постари од 64, 65 години, кои не можат да дочекаат пензија. Никој не ги прашува од што живеат. И ако заминале децата, ако некој е без деца, од што живеат тие луѓе? А цел век работеле во Македонија, цел век давачки плаќале на оваа држава. Затоа ви тврдам идната 2018 година ќе почне постапката и ќе се донесе закон за воведување на социјалната пензија, со која што и тие граѓани ќе дочекаат пензија“, најави Заев.

Тој побара од жителите на Општина Долнени, во името на единството и сплотенста, да продолжат да ги поддржуваат политиките на чесност, транспарентност и одговорност, политиките коишто носат живот за сите. Претседателот на СДСМ Заев нагласи дека не се откажува од правата на помалите етнички заедници, дури и тогаш кога е директно нападнат.

„Затоа апелирам, повикувам да гласаме за бројот 19, да гласаме за нашата листа преводена од Бобан Велоски, за нашиот кандидат за градоначалник Билал Каришик, кој што дава збор и пред мене и пред вас дека ќе ви служи чесно, дека ќе работи јуначки и ќе ја направи Општина Долнени гордост за сите граѓани, во сите населени места во Општина Долнени“, повика Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Герасимовски: За две години засадивме 2.000 високо стеблести садници зеленило

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот