А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Сијарто: Македонија и Албанија што е можно побрзо да отпочнат преговори со ЕУ

by А1он11/10/2017 - 16:4311/10/2017 - 17:08184
Share0

Унгарија сака Европската унија и НАТО да ја забрзаат интеграцијата на земјите од Западен Балкан, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Сакаме датум за отпочнување на преговори за Република Македонија и за Албанија најдоцна во првиот квартал од 2018 година, изјави Сијарто, кој е и домаќин на Форумот во Будимпешта.

Тој додаде дека на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во декември, Алијансата треба да одлучи да почне преговори за членство со Македонија.

Забрзувањето на процесот на приклучување е гаранција за безбедноста, истакна Сијарто на прес-конфернецијата со неговите колеги од Централна и Источна Европа и Западен Балкан.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Нестабилен и тензичен Западен Балкан е ризик за цела Европа. Ние имаме барања поврзани со тоа, наведе Сијарто.

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева доби целосна поддршка од колегите од Вишеградската група и од Западен Балкан за побрза интеграција на регионот во ЕУ за време на бугарското претседателствување со Советот на Унијата.

– Стабилноста и просперитетот на Западен Балкан е долгогодишен надворешнополитички приоритет на Бугарија и секако дека ќе биде во фокусот на нашето претседателствување. Апелот до нашите пријатели е: Спроведете ги реформите поради вашите граѓани, не само поради идното членство во ЕУ, истакна Захариева.

Таа наведе дека покрај политичката поддршка за шестте земји од Западен Балкан, кои сакаат да станат членки на ЕУ, треба да им се овозможи и техничка и експертска помош во преговарачкиот процес.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на Форумот во Будимпешта истакна дека Македонија „се ќе направи за да ги убеди земјите-членки и Европската комисија дека заслужуваме во јуни следната година да преминеме во следната фаза од евроинтеграциите и да ги почнеме преговори со ЕУ.

– Ние ќе сториме се што можеме и ќе се фокусираме на реформите дома, бидејќи наша единставена цел е да ја направиме Македонија европска демократија. Нема да се караме со соседите, иако постојат искушенија, туку ќе го искористиме овој процес да научиме како да станеме европски сојузници. Сакаме да ја искористиме оваа историска можност што постои за регионот, особено за следната година и ќе сториме се за да ја убедиме секоја земја членка поединечно и Комисијата дека заслужуваме да преминеме во наредната фаза од нашето европско патување и да ги започнеме преговори со ЕУ во јуни, следната година. Македонија се соочуваше со ветар во лице изминатите години, сега би ни значело ако добиеме ветар в грб за да ви овозможиме помирни води и плодна жетва, рече Димитров.

albanijaeumakedonijaungarija

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокус и напад врз Филипче, сакаат да ја срушат партијата ама од тоа нема ништо

Предраг Петровиќ24/09/2026 - 16:13

Не сакаат нова партија, туку опозициски фронт без Филипче: „12:05“ бара промени и спас за СДСМ

Предраг Петровиќ24/09/2026 - 14:5924/09/2026 - 15:23

ММА бара одговори, четири недели молк од АВМУ за „Арена М“

Предраг Петровиќ23/09/2026 - 18:0823/09/2026 - 18:09

Отворена истрага за насилство врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“

Предраг Петровиќ23/09/2026 - 17:4223/09/2026 - 17:43

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Предраг Петровиќ23/09/2026 - 15:08

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео