Заев: Струмица ќе биде модерен град поврзан со светот

Од:

Карванот на коалицијата „За живот во Македонија“ вечерва оддржа митинг во Струмица на кој лидерот на СДСМ Зоран Заев најави отворање на посебна паралелна сообраќајна лента на Валандовско брдо, каде во иднина ќе има целосно двојно насочен сообраќај што градот директно ќе се поврзе со автопатот.

– Почнуваме со експресното решение на делницата Штип-Радовиш што ќе се надоврзе на новото решение Радовиш-Струмица. Директно го правиме брзиот пат од Струмица до бугарска граница, а работиме и на новата проектна документација за автопатско поврзување Струмица-Велјуса-Удово. Струмица ќе биде модерен град поврзан со светот со одлични перспективи, рече Заев.

Тој пред струмичани додаде дека завршува времето кога централната власт, како што рече, била маќеа за Струмица.

-Сакаме преку ефективна децентрализација да ги оспособиме општините, да им ги дадеме сите алатки за да може да работат во интерес на граѓаните. Заврши времето кога општина Струмица беше заборавена и малтретирана од поранешната режимска власт. За Струмица и струмичани доаѓа ново времена сериозна поддршка и помош од централната власт. Ајде Струмицо, радувај се, си замина твојата лоша маќеа, повторно имаш мајка која ќе ти помага, ќе те чува и ќе ти го надомести сето она што неправедно ти беше одземено сиве овие години, рече Заев.

Тој побара голема победа во Струмица за, како што рече, со гордост да кажува дека Струмица беше, е и ќе остане духот на слободата, гнездото на храброста и барометар на перспективите во Македонија.

Во пресрет на Денот на востанието и Денот на борецот тој нагласи „ ајде ние борците од слободна Струмица да испратиме абер за ослободување на сите општини“.

– Коста Јаневски ќе биде подобар градоначалник од Зоран Заев зашто знае и може и секој нов градоначалник треба да биде подобар од претходниот. Носителот на советничката листа Марјан Даскалов го знам и како човек спортист и политичар, а тој секогаш оди на сигурна победа, рече Заев.

Кандидатот за градоначалник Коста Јаневски најави урбан мост кој ќе ја поврзе стара со нова Струмица, ново булеварско решение во централното градско подрачје-Светиилискиот канал-урбаниот простор кај касарната-Софилар кон Добрејци.

– Имаме 20 капитални и стотина помали проекти. Ќе градиме детски градинки, дом за стари, улици, ќе ги модернизираме училиштата, ќе се грижиме за социјално загрозените семејства, но најважно е да си ги задржиме децата тука. Затоа ви се обраќам вас младите, вие сте мојата енергија, дух и креативност. Со вас сакам да ја градам Струмица, рече Јанев.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов