(ВИДЕО) Заев: Ќе го вратиме Мерцедесот на Груевски и со тие пари ќе набавиме амбулантни возила

Од:

Ќе го вратиме Мерцедесот на Груевски и со тие пари ќе се набават амбулатни возила за клиниките во Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот централен митинг во Скопје.

Тој додаде дека на 15. октомври ќе се заокружат промените во Македонија и повика на ослободување на Македонија од остатоците на режимот.

– Да стигне животот во секој град, село, во секое катче. Бараме поддршка од левичари, десничари, центристи, сите, рече Заев.

Тој изјави дека СДСМ во последниве 4 месеци покажале дека се луѓе од збор и дека не се сите исти.

– Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе биде стабилна и почитувана земја која ќе седи на иста маса со сојузниците и ќе носи заеднички одлуки за Македонија, иднината на Европа и целиот Запад, рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека во Македонија ќе владеат правото и правдата.

– Ќе помагаме како централна власт да има повеќе пари за општините и ќе градиме општини кои ќе работат за вас, додаде Заев.

Државата, рече тој, ќе пушта пари во стопанството за да го спречи одливот на младите и ќе ги помага земјоделците. Тој најави дека за развој на бизнисот во Македонија од буџетот за 2018 планирани се милион евра и стотина милиони евра од Светска банка и други финансиски институции.

Кандидатите за градоначалници на коалицијата, предводена од СДСМ, како што порача Заев акцент ќе стават на тоа граѓаните во општините да одлучуваат за тоа како ќе се трошат парите, на чистата животна средина, која подразбира чист воздух и чиста вода за пиење.

– Сакаме преку ефективна децентрализација да ги оспособиме општините, да им ги дадеме сите алатки за да можат да работат во интерес на граѓаните, рече Заев.

Тој истакна дека општини што поврзуваат значат модерни, организирани и внатрешно и надворешно поврзани единици на локаната самоуправа со модерни и квалитетни улици и патишта, дигатилизирани системи за јавни услуги, јавен превоз кој функционира и побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието