Севернокорејскиот лидер одржа прв јавен говор по 19 години

Од:

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, во новогодишното обраќање, повика на решавање на недоразбирањата меѓу двете Кореи, меѓу кои до денес не е постигнат мировен договор по судирите од 1950 до 1953 година.

Ова е неочекуван новогодишен говор на Ким, кој е прв од ваков вид на еден лидер од оваа земја во последните 19 години, по смртта на неговиот дедо Ким Ил-сунг.

– Многу е важно да го решиме прашањето за поделба на земјата и да придонесеме за повторно обединување, со што ќе се отстранат несогласувањата меѓу северот и југот. Последните извештаи за меѓукорејските односи покажуваат дека недоразбирањата меѓу нив не водат никаде, освен до војна, истакна Ким во своето обраќање, пренесувано од државната телевизија.

Неговиот татко, Ким Џонг-ил ретко зборувал во јавност, а своето мислење главно го изнесувал во државните весници.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња