(ВИДЕО) Богоев: Ние не сме најпаметни и за голем број од проектите ќе црпиме решенија од граѓаните

Од:

Нерези е место на стари скопјани, карпошани и тука мора да има подобар и поубав живот за сите, нагласи Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош на средбите со граѓани во Нерези.

– Во 21 век граѓаните се соочуваат со елементарни проблеми. Немаат вода за пиење, канализација, осветлување, нема безбедни улици, рече Богоев.

Покрај основните инфраструктурни решенија, Богоев напомена дека Нерези ќе добие и детско игралиште, како и Културно – едукативен центар сместен во просториите на урбаната заедница на Нерези.

– Нерези е типичен пример како треба да функционира мултиетничка средина на локално ниво. Без разлика на верска или национална припадност граѓаните сакаат да продолжат да живеат заедно, без поделби и етикети.

Тој додаде дека бидејќи сите имаме исти проблеми, сите сакаме локален економски развој и младите да ги задржиме во својата земја.

– Ветувам дека ќе креираме политики кои обединуваат, овозможуваат развој на мултикултаризмот во Карпош и Скопје и намалување на младинската невработеност преку поддршка на бизнис идеи и отворање на старт ап центри, рече Богоев.

Тој кажа дека се предвидени и едномесечни средби со граѓаните и дека за голем број од проектите ќе црпат решенија од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски