(ВИДЕО) Наумоски: Ќе отвориме истурена канцеларија на општината во Волково

Од:

Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ и коалицијата денеска во изјава за медиумите рече дека во Волково ќе се отвори истурена канцеларија на општината каде што граѓаните од населените места Стопански Двор, Кисела Јабука, Ново Село, Волково, Пржина, Никиштани и Кучково ќе можат на едно место да ги поднесуваат своите барања за сите сфери од надлежноста на општината.

– Општинската администрација да биде сервис на граѓаните во остварување на секојдневните комунални и административни потреби. Примените барања и предлози ќе бидат администрирани од општината и преку истата истурена канцеларија на општината ќе им бидат вратени одговори на граѓаните. На овој начин тие непосредно учествуваат во локалната самоуправа. Ова го олеснува и решавањето на проблемот со легализацијата на земјиштето, со којшто се соочува дел од општината поради немање планска документација, граѓаните побрзо и полесно ќе ги доставуваат документите, а со тоа ги добиваат сите услуги на едно место, рече Наумоски.

Тој додаде дека планира да организираат отворени денови, каде Ѓорчепетровци ќе добиваат информации за буџетските средства, отворено ќе ги споделат своите идеи со општинсата администрација.

– Секој граѓанин добива еднаков третман, заврши времето на приоритети по партиски налози, за нас сите Ѓорчепетровци се еднакви и важни. Затоа на 15 Октомври гласајте за живот за сите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски