Мицевски: Еден од клучните приоритети на идната локална власт е изградба на затворен пазар во Крива Паланка

Од:

Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ и коалицијата, денеска во изјава за медиумите рече дека затворен зелен пазар е еден од клучните приоритетни проекти на идната локална власт предводена од СДСМ.

– Нашиот план предвидува архитектонско решение кое ќе обезбеди соодветен трговско деловен простор наменет за поставување на тезгите како и соодветен паркинг простор кој може да се користи и во деновите кога не е пазарен ден, намалувајќи го со тоа сообраќајниот хаос во градот. Со цел да го олесниме движењето предвидуваме изградба на кружен систем на движење на возилата, со изградба на дополнителна лента околу самиот зелен пазар, рече Мицевски.

Тој додаде дека со овој проект Крива Паланка ќе го реши долгогодишниот проблем и ќе обезбеди места и за оние трговци кои досега немаа добри услови и својата дејност ја извршуваа на улица или на тротоари.

– Затворениот зелен пазар, независно од временските услови, ќе овозможи земјоделците секојдневно да ги пласираат своите производи а не само во пазарните денови а граѓаните да се снабдуваат со свежа храна, секој ден. Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат нов, модерен пазар. Ние стоиме на нашите ветувања дека до крајот на мандатот тој ќе биде изграден и затоа ја бараме вашата поддршка за овој и за многу други проекти во интерес на сите граѓани, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања