Најавено ново сослушување на „Касперски“ во Конгресот на САД

Од:

Комисијата за наука, Вселена и технологија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес соопшти дека закажала ново сослушување во врска со можните злоупотреби на софтверот на компанијата за интернет заштита „Касперски“.

Претставници на оваа руска компанија еднаш веќе беа сослушувани во Конгресот на САД во врска со обвинувањата дека нејзиниот софтвер би можел да биде користен од хакери за упади во компјутерските системи во полза на Русија.

„Касперски“ категорично ги отфрла ваквите обвинувања и на претходното сослушување лично се појави и извршниот директор на компанијата Евгениј Касперски, кој одговараше на прашањата на конгресмените.

Најавата за ново сослушување доаѓа само еден ден откако весниците „Волстрит Џурнал“ и „Вашингтон Пост“ објавија дека хакери спонзорирани од Москва, украле строго доверливи податоци за кибер безбедноста на САД од лаптоп на американската Агенција за национална безбедност, кој користел антивирус софтвер на „Касперски“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија