(ВИДЕО) Илијев: Заслужуваме подобро образование

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на СДСМ Николчо Илијев, во денешното обраќање до граѓаните на Кочани истакна дека вработените во образовниот сектор работат во страв и под притисоци, додека директори на некои училишта во работно време одат на партиски пресови.

– Образовниот систем е на колена. Анализите покажуваат дека имаме уништени и неписмени генерации. Училиштата имаат сериозни кадровски проблеми, натрупани финасиски долгови. Наставниците од свој џеб издвојуваат пари за организирање на наставата, истакна Илијев.

На Светскиот ден на учителот, истакна тој, ви порачувам да не се обесхрабрувате.

– Не дозволувајте да ја потценуваат вашата улога. Вие не треба да бидете партиски војници. Време е да се ослободите од партиските стеги кои ви се наметнати не по ваша желба. Време е да го вратиме неговиот углед и достоинство, да се посвети на создавање нови квалитетни кадри и потенцијали, рече Илијев.

Истакна дека мора да ги обезбедиме сите услови за изведување и правилно организирање на наставниот процес, за безбеден престој на учениците и квалитетно образование и воспитание. – Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина, рече Илијев

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот