Амбулантно возило пристигна пред Кривичниот суд Скопје 1 Скопје, каде во моментов Специјалното јавно обвинителство ја претресува канцеларијата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Пред да влезат во Судот, обвинителките не сакаа да коментираат на што се должи посетата, но неофицијално се работи за предистражна постапка за кривично дело – оддавање службена тајна.
Во контрола, заедно со полицијата, се обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристовска.