ДПА во Тетово: Со гласањето за ДПА се казнува владеењето што го доведе Тетово до оваа хаотична состојба

Од:

Бардил Даути, кандидат за градоначалник на Тетово од Демократска партија на Албанците, вечерва на митинг во населбата Тетекс ја претстави програмата на нивната партија за Тетово заедно со претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Даути во својот говор нагласи дека негови и приоритети на неговиот тим ќе бидат инвестициите во инфраструктурата, стимулирање на домашната економија, регулирање на сообраќајниот хаос, управување со отпадот во овој град, водата за пиење, зачувувањето на животната средина и многу други проекти чија цел е, како што рече, да го регулираат урбаниот хаос кој владее во Тетово и да ја вратат изгубената надеж на тетовските Албанци од лошото владеење на ДУИ.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи, меѓу другото, нагласи дека со гласањето за ДПА треба да се казни владеењето што, како што рече, го доведе Тетово до оваа хаотична состојба.

– Пораката што треба да се прати е дека гласањето за ДПА ќе ја натера меѓународната заедница уште повеќе да се ангажира во движењето на нашите процеси напред, рече Тачи на предизборниот митинг, на кој се обратија и претседателот на огранокот во Тетово, Арбен Демири, кандидатот за советник од населбата Тетекс, Адурим Лута, и носителот на листата на советници, Аднан Билали.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Министерството за финасии дало дозвола за вработувања во тетовската болница

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи