Тепачката во Кавадарци поради место за продажба на пиперки

Од:

Тепачката во Кавадарци била за место за продажба на пиперки, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за групната тепачка која се случи попладнево на градскиот пазар во Кавадарци.

– Во тепачката учестувале две групи. Двајца браќа од Росоман и тројца браќа од кавадаречкото село Шивец. Случајот се води како нарушување на јавниот ред и мир, вели Додевски.

Веднаш реагирала и Брзата помош од градот.

​- Бидејќи еден повреден се жалел на болки во главата и е неопходно негово набљудување бидејќи последици можат да се јават и подоцна, пренесен е во кавадаречката општа болница, во свесна состојба. Таму продолжува следењето на неговата здравствена состојба, изјави д-р Вера Соколова, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак