Новата година стигна на Божиќниот Остров во Индискиот Океан и на островот Кирибати во Тихиот Океан.
Првата минута на Нова година отчука на Божиќниот Остров и на островот Кирибати и тоа со временска разлика од околу 13 часа споредено со средноевропско време.
Петнаесет минути подоцна, Новата година стигна и на островите Шантам, во близина на Нов Зеланд.
По нив, стигнa и на Фиџи и Нов Зеланд (12 часот по наше време),а потоа славењето продолжува по целиот Пацифик.
Во 13 часот во Новата година влегуваат и Маршалските Острови, како и источните делови на Русија, Час подоцна и Австралијанците ќе ја дочекаат 2013 година.
makfax