ДУИ ги претстави приоритетните проекти за развој на Боговиње

Од:

Демократската унија за интеграција вечерва во село Камјан во општина Боговиње, ја претстави изборната програма за претстојните локални избори.

На митингот со минута молчење беше оддадена почит на починатитот поранешен градоначалник на оваа општина, Хазби Идризи.

Вицепремиерот задолжен за Охридскиот договор, Хазби Лика пред граѓаните рече дека победата на ДУИ на овие локални избори ќе биде охрабрувачка за решавање на проблемите што ги засегат Албанците и за посигурна идинина.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изрази уверување дека тимот на партијата во оваа општина ќе оди по патот на поранешниот градоначалник на оваа општина, Хазби Идризи, кој го нарече архитект на општината.

Кандидатот за градоначалник Берзах Бејтулаху и носителот на листа за советници Фатмир Исени, пред жителите на Боговиње ги претставија своите конкретни проекти за 16-те населени места на оваа општина, почнувајќи од инвестиции во патна инфраструктура, снабдување со вода за пиење, реконструкција на училишта, отварање на градинки и спортски сали…, каде како приоритетен е издвоен проектот за канализација што ќе опфати осум села од општината.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација