Заев од Лозово: Поддршка за урбаната инфраструктура, за да видат луѓето дека живееме во 21. век

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска ги посети жителите на Општина Лозово. Тој искажа верба во потенцијалот на овој земјоделски крај, но потсети дека изминативе години граѓаните на Општина Лозово, како и граѓаните на цела Македонија биле манипулирани од поранешната власт. Претседателот Заев искажа уверување дека во Лозово и во Овчеполието, како и во останатите земјоделски краеви во Македонија, повторно ќе има горди земјоделци кои што ќе заработуваат за достоинствен живот.

„Јас сум убеден во потенцијалот што го има Лозово, само да биде растеретено од оваа банда која што со години го управуваше, во координација со централната власт, манипулирајќи го целиот народ во Македонија, а најмногу овој на Лозово. Но, нашиот народ памти и нема да заборави“, рече претседателот Заев.

Тој, со подршка на Владата, најави низа проекти со чија реализација животот на жителите од овој крај ќе биде олеснет и достоинствен.

„Сметајте на нашата поддршка за реконструкција на овој Дом на културата, за изградбата на детската градинка, за развојот на туристичката област близу браната, која што е ветена во програмата. Сметајте на нашата поддршка за урбаната инфраструктура, за асфалтирање по барем три четири улици во сите населени места, за да видат луѓето дека живееме во 21. век. Комплетна поддршка за вториот цевковод за секундарната мрежа, за да нема повеќе проблем со водоснабдувањето во Општина Лозово. Да работиме на развој на канализационата мрежа. Овде се произведува храна и мораме да работиме и на канализацијата и на депонирањето на сметот. Тоа е заради сегашните и идните генерации“, рече претседателот на СДСМ Заев.

За земјоделците најави силна поддршка, за да може секој земјоделец да заработува за достоинствен живот од обработката на земјоделството земјиште.

„Не што ќе ве поддржиме со субвенции, туку тие ќе растат. Еве не, за неполни четири месеци, имаме само за Лозово и за Свети Николе пуштено повеќе од 67 милиони денари субвенции. За цела Македонија, повеќе од 68 милиони евра има пуштено пари за субвенции“, потсети претседателот Заев.

Тој ги увери граѓаните дека никогаш нема да бидат делени како во минатотот и дека на нив никој, никогаш повеќе нема никој да им се заканува.

„Ќе бидеме нивен сервис, ќе им служиме понизно, граѓаните даваат власт, граѓаните земаат власт. Ве поканувам на 15 октомври без каков било страв, без какви било резерви директно, со вашето чувство во градите, во душата, во срцето ваше, да гласате онака како што мислите дека е најдобро за Лозово. Нашиот кандидат за градоначалник, нашата советничка листа го носат бројот 19. Со гласањето за бројот 19 повеќе од јасно како ден е дека ќе го вратиме конечно животот за сите во Општина Лозово, во Република Македонија“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир