Северна Кореја изрази желба за обновување на меѓувладините консултации со Јапонија и со Јужна Кореја, кои беа прекинати по неодамнешното истрелување ракета од страна на Пјонгјанг, соопштија руските медиуми.
Северна Кореја по дипломатски канали ги информирала Јапонија и Јужна Кореја дека е подготвена да ги продолжи меѓувладините консултации.
Во втората половина на годината дијалогот меѓу Северна Кореја и Јапонија, кои официјално немаат дипломатски односи, забележливо се активираа. Во август во Кина по долго време застој се оддржаа првите меѓувладини консултации, а во ноември во Монголија се оддржа и вториот круг преговори.
По истрелувањето на севернокорејската ракета, на 12 декември, дијалогот меѓу Пјонгјанг и Токио беше привремено прекинат. Прекинати беа и преговорите меѓу Пјонгјанг и Сеул.