Започна НАТО оценувањето на декларираните единици на АРМ

Од:

Во рамките на теренската вежба „Македонски Блесок-13“ денеска со проверка на елементите кои подлежат на оценување во мирновремените локации на декларираните единици на АРМ, започна првата фаза од реоценувањето согласно НАТО концептот за оперативни спсобности-ниво 2.

Во рамки на вежбата, во период до 6 октомври ќе се изврши и втората фаза реоценување на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и ренџерска чета (рч) од страна на оценувачки тим составен од НАТО и национални претставници.

Целта на НАТО оценувањето, ниво 2, е да се оцени борбената готовност и способноста на овие декларирани единици на АРМ за извршување на мисијата во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

Оценувањето се изведува во две фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето по што резултатот ќе им биде соопштен на оценуваните единици.

Вежбата „Македонски Блесок-13“ е вежба со единици на терен базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира борбената готовност на декларираните единици за употреба во НАТО – предводените операции.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана