Судот потврди дека СЈО е надлежно за случајот „Тврдина 2“

Од:

Започна главната расправа во предметот „Тврдина 2“ за незаконско уништување на опремата за прислушување, во кој првообвинет е еск шефот на УБВ, Горан Грујевски кој е во бегство. Исто така обвинети се и шест службенички во Управата.

Судијката Лидија Петровска го отфрли приговорот на адвокатите на обвинетите дека Специјалното јавно обвинителство е ненадлежно за оваа постапка, бидејќи кривичното дело е извршено во јуни 2015 година, а мандатот на СЈО е од 2008 до 2015 година.

Адвокатот на одбраната Петар Василев изјави дека СЈО не доставило ниту еден доказ со кој би се потврдило кривичното дело за кое се обвинети Грујевски и службеничките во УБК.

На почетокот на судењето, судот донесе решение со кое на обвинетиот Грујевски ќе му се суди во отсуство. Причина за тоа е известувањето кое СЈО го достави од МВР до судот, во кое се потврдува дека тој како обвинет е недостапен за органите на прогонот. Истото е потврдено и од сведокот Никола Бошковски.

Обвинителката Ленче Ристоска изјави дека СЈО има мандат за сите предмети кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и токму овој предмет е поврзан со дејствија за ништење на документација од УБК. Обвинителката рече дека дејствијата на Грујевски започнале во февруари 2015 година.

Адвокатот на одбраната Петар Василев изјави дека СЈО има ограничена надлежност и временски период за кој постапува и дека јавно обвинителство нема рок за постапување и има генерална надлежност за предметите.

Судијката на барање на одбраната и обвинителите, одлучи повторно да ја исклучи јавноста од главната расправа поради безбедноста и приватниот живот на обвинетите службенички во УБК. На денешното рочиште судот треба да сослуша и тројца поканети сведоци. Расправата е во тек.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов