Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на денешната трката од шампионатот во Формула 1 што денеска се возеше за Големата награда на Малезија.
За Ферстапен ова е втора победа во кариерата, првата ја оствари во Шпанија минатата година.
Второто место му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес кој не ја искористи пол-позицијата, но е задоволен и со овој пласман, бидејќи ја зголеми предноста во Генералниот пласман пред најголемиот конкурент Себастијан Фетел од Ферари.
Фетел и покрај тоа што трката ја почна од последната позиција, на крајот стигна до четвртото место, а третото беше за Даниел Рикардо.
Најголем „трагичар“ денеска беше Кими Раиконен од Ферари кој имаше проблеми со моторот и наместо на втората стартна позиција, неговиот болид остана во боксот.
Пласман од петтото до десетто место и бодови уште освоија и: Ботас (Мерцедес), Перез (Форс Индија), Вандорн (Мекларен), Строл (Вилијамс), Маса (Вилијамс) и Окон (Форс Индија).
Во Генералниот пласман води Хамилтон со 281 бод, пред Фетел со 247 и Ботас со 222.