Една жртва при полициска акција против екстремисти во Тунис

Од:

Жена загина денеска во престрелка откако полицијата во Тунис почна со рација во работничко предградие на главниот град, во потрага по складишта за оружје на екстремисти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Припадниците на полицијата возвратиле на оган во предградието Дуар Хишер северозападно од Тунис и притоа тешко е ранет напаѓач, а неговата сопруга убиена.

Припадници на салафистичкото есктремистичко движење во Тунис во кои се околу 10.000 луѓе, учествуваа во низа напади од револуцијата во таа држава во минатата година.

Стотина радикални екстремисти гневни поради антиисламска видео-снимка, направена во САд, ја нападнаа на 14 септември американската Амбасада во Тунис при што загинаа четири луѓе. Двајца исламисти кои беа уапсени во врска со тој напад, починаа минатиот месец по штрајк со глад.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен