СДСМ Центар: Јовановски го остави КК „Работники“ на дното, со зголемен долг и без електрична енергија во салата

Од:

„Кандидатот на Никола Груевски за градоначалник на Центар, Дејан Јовановски, во очај и страв од пораз на изборите, денеска лицемерно најави поддршка за КК „Работнички“.

Го потетуваме Јовановски дека додека тој беше директор на КК „Работнички“ за краток период во 2013 година завршната сметка ја остави со три пати поголем долг, од над 8 милиони денари. Долгот кој го направи беше констатиран во првиот финансиски извештај доставен од кошаркарскиот клуб „Работнички“ до Советот, веднаш после превземањето на власта во општина Центар, во 2013-та година.

Дејан Јовановски, кадарот на Никола Груевски, остави и над 700.000 денари долгови за електрична енергија, над 300.000 денари за дресови и спортска опрема. Се должеа над две плати на играчите, а многу повеќе на тренерите и администрацијата. Во салата во „Градски парк“ беше исклучена електричната енергија, а веќе неколку фирми на кои им се должи најавија дека ќе го тужат најтрофејниот клуб вклучувајќи го и тренерот Емил Рајковиќ, кој го гледаме во неговите спотови.

Успешната приказна за најуспешниот и најтрофејниот кошаркарски бренд КК Работнички плански беше уништувана и партизирана од ДПМНЕ до 2013-та година, кога на чело на клубот беше Дејан Јовановски. Во зимскиот период играчите играа и на -20, а Работнички беше победуван скоро од секого, бидејќи беа исечени цевките и радиаторите кои најверојатно се продадени.

Истите лица кои пробаа да ги искористат и партизираат навивачите на КК „Работнички“ , пробувајќи да наметнат свои партиско политички послушници, ги видовме на фотографиите како дел од насилниците во Собранието на Македонија на 27 април.

Новото раководство на КК„Работнички“ ги затекна просториите во салата во Градски парк во многу лоши услови, испразнети канцеларии, украдени компјутери, столици и бироа, а пехарите и титулите по кои беше познат КК Работнички беа расфрлени на подот во салата за состаноци, а дел од нив служеа и како саксии за цвеќе.

Иако се воздржувавме да не го напаѓаме против кандидатот Јовановски, во интерес на вистината моравме да реагираме на неговата денешната прес конференција со потсетување да не бега од дебатите посебно поврзани со КК „Работнички“.

На иницијатива и поддржано од директорот на Паркинзи на Општина Центар, сегашен кандидат за градоначалник, Саша Богдановиќ, салата и помошните простории на КК „Работнички“ е комплетно реновирана, а решен е и проблемот со греењето во салата.

Новото раководство по цели 20 години ги смени и тушевите. Поставени се и нови клупи, нови закачалки, нови ормани и со ова се реновираа соблекувалните на играчите и на гостинските екипи.

Заедно со граѓаните на општина Центар нема да дозволиме кадрите на криминалниот Никола Груевски повторно да управуваат со општина Центар кошаркарскиот клуб“, се вели во соопштението на СДСМ Центар.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!