ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ со пари од центарци набавил зелен картон за возило на неговото семејство

Од:

Коста Јовановски и денес покажа фактура, со која како вели, Богдановиќ приватните задоволства ги плаќал од парите на ПОЦ, односно од џебот на граѓаните.

Оваа фактура е доставена до ЈП „Паркинзи на општина Центар“ за извршена услуга, односно набавка на зелен картон во вредност од 5536 денари. Немаше да биде ништо чудно ако оваа фактура е за потребите на ПОЦ, но сепак не е така. Сакаме да прашаме на кого припаѓа регистрацијата со број SK 387 TB. Дали возилото со оваа регистарска табличка припаѓа на член на неговото потесно семејство? Ако е ова вистината, по кој основ, членови на неговото семејство користат привилегии на сметка на ПОЦ, прашува Јовановски.

Јовановски три дена го прозива Богдановиќ, но тој молчи за скандалите.

– Време е Српче да понесе одговорност за неговите постапки. Недозволиво и е срамно директор на јавно претпријатие со директорска плата така ниско да падне и на сметка на граѓаните на Центар да овозможи на членови на неговото потесно семејство да патуваат во странство за лични потреби, рече тој.

Вели дека ако Богдановиќ вака расипнички троши и ги злоупотребува народните пари во функција на директор на ПОЦ, граѓаните треба да замислат каков би бил тој како градоначалник на Центар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ