Збратимени пензионерски здруженија со заеднички концерт во Кавадарци

Од:

Заеднички концерт со настап на пејачки групи и играорци реализираа денеска во Кавадарци повеќе збратимени пензионерски здруженија од земјава и од српскиот град Лесковац.

Гостите од Србија се претставија со неколку фолклорни точки и инсерти од драматизацијата „Коштана“. Домаќините настапија со пејачката и играорната група од културно уметничкото друштво „Лоза“, кое функционира во рамките на Здружението на пензионери.

– Имаме најразлични активности како здружение. Покрај културно забавните содржини, пружаме помош, организираме мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Учествуваме со 30 проценти во трошоците за бањско лекување, а со 50 во вакцинацијата. Спроведуваме спортски натпревари и активности за одмор и рекреација. Успеавме во последните неколку години нашите пензионери да прошетаат не само низ Македонија, туку и низ цела Европа, рече Фруска Костадиновска, секретар во кавадаречкото Здружение.

Претседателот на Здружение на пензионери од Кочани нагласи дека нивната програма за работа се испреплетува со таа на Кавадарци.

– Соработуваме во културно забавниот живот но и на спортски план. Побратимувањето не е само формалност, туку тоа и практично живее. Соработуваме, разменуваме мислења и заеднички делуваме како здруженија и се на дополнуваме. Имаме широка соработка. Чест ни е што сме тука со нашиот ансамбл, рече Серафимов.

Плодната и сестрана соработка ја истакна и Груица Манасиев, претседател на Здружение на пензионери од Пробиштип.

– Ние како помало здружение многу учиме од нашето братско здружение, рече Манасиев.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он