Николиќ претпазлив пред гостувањето во Скопје

Од:

Тренерот на Партизан, Мирослав Николиќ со доза на страв го очекува стартот во АБА лигата против македонскиот шампион МЗТ Скопје, поради недоволната воиграност на „црно-белите“.

– За нас овој натпревар е многу важен, бидејќи почнуваме ново натпреварување. Не сме 100 проценти подготвени, ќе биде тешко, очекувам да одлучи една топка. Мислам дека Партизан има тим кој може да победува, но се уште ме плаши недоволната координираност. Има уште простор за тимот да се воигра. Сепак очекувам победа во Скопје, изјави Николиќ.

Натпреварот од 1.коло во регионалната АБА лига помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Партизан е закажан за утревечер со почеток во 20 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска