Манчевски: Централниот електронски регистер ќе помогне во спроведување на пописот, но нема да го замени

Од:

Централниот електронски регистар е уште една алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот на населението, но нема да го замени, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Според Манчевски, регистарот само ќе помогне во решавањето на многу административни потреби и проблеми што ги имаат граѓаните.

Предвидено е, како што рече, секој граѓанин да добие сопствен електронски идентитет преку соодветна картичка или на некој друг начин што дополнително ќе се утврдува. Регистарот би требало да биде ставен целосно во функција до крајот на идната година, а опремата ќе се инсталира во јуни 2018.

-Со оглед на дилемите во јавноста, сакам јасно и недвосмислено да кажам дека централниот електронски регистар нема да биде замена за пописот на населението. Регистарот е една од основите на дигитална Македонија и ќе помогне да се решат многу проблеми со кои граѓаните се соочуваат: Избирачкиот список, електронската здравствена картичка, повраток на ДДВ,…, истакна Манчевски.

Граѓаните преку централниот електронски регистар, рече министерот, ќе можат на многу побрз, поефикасен и поевтин начин да вадат документи и да добиваат услуги од институциите.

Одговорајќи на новинарско прашање, истакна дека очекува евентулни злоупотреби на проектот за регистарот од опозицијата во контекст на мигрантите. – Малку почувствував дека е можна злоупотреба во вид на фејк-њуз приказна од страна на опозицијата за новите мигранти. Затоа сакавме многу конретно да објасниме што значи централниот регистар. Сепак, се надевам дека сме едногласни и со опозицијата, но и со граѓаните дка имаме потреба од овој проект, подвлече Манчевски.

Централниот електронски регистар на населението е нов владин проект што беше усвоен на вчерашната седница на Владата. Поддржан е со еден милион евра од Европската унија за хардверско и софтверско решение, но не се исклучени и дополнителни трошоци кои потоа ќе следуваат за измена на законската рамка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он