Рожерио: Во Скопје го живеам мојот сон

Од:

Пивотменот на Вардар, Рожеиро Мораеш за престојот во Скопје и можноста да биде дел од европскиот шампион вели дека му е како сон. Тој е презадоволен од односот на тренерот, соиграчите, навивачите и воопшто луѓето во македонскиот главен град.

– Веќе една сезона сум во тимот, и на почетокот ми требаше период на адаптација, да го научам системот на игра, да го разберам ракометот подобро. Тренерот ми помогна сѐ тоа да го научам подобро, и сега сум посигурен во својата игра, за да го направам она што тренерот го бара од мене. Ние сме три пивотмени и сите тројца играме. Секој меч е различен, имаме различна стратегија и сите добиваме шанса за игра. Не е важно кој повеќе ќе игра, најважно е да се победи. Го сакам Скопје, не ми требаше долго да се чувствувам како да сум дома. Времето е добро, храната одлична, и ова е град каде има што да правиш. Страста на луѓето за ракометот тука е голема, те сопираат на улица, сакаат да се фотографираат со тебе, да разговараат и сите го разбираат ракометот. Тоа е невозможно за Бразил, изјави Рожеиро во интервјуто за клупската веб страница на „црвено-црните“.

Тој една година откако е во тимот на Вардар, а веќе станува важна алка во тимот кој реди победи оваа сезона во ЛШ и во СЕХА лигата.

– Го имаме речиси истиот тим од лани, и тоа ни помага да бидеме уште подобри во одбран и да имаме конзистентен напад. Како одминува времето ќе бидеме уште подобри. Сите посакуваме да се задржат освоените титули. Рано е сега било што да се ветува, бидејќи е почеток на сезоната. Ги имаме истите амбиции како и лани, да ја одбраниме титулата во СЕХА лигата и во ЛШ, иако тоа не е нималку лесно, особено кога претходно си победил. Работите на тоа, и ќе се обидеме и сезонава да бидеме добри.

Запрашан за тоа кој момент ќе му остане во сеќавање од досегашниот престој во Скопје, ги издвои четврт-финалето против Флензбург во Скопје и прославата на европската титула во македонската престолнина по враќањето од Келн.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ