Заев: Франгов не можеше да обезбеди чиста вода за Гевгелија, но можеше хациенда

Од:

Гевгелија се уште не може да каже дека има чиста вода за пиење, иако градоначалникот Иван Франгов осум години лажеше дека ќе обезбеди, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Гевгелија.

Тој обраќајќи се пред жителите на Гевгелија рече дека во општината никогаш повеќе нема да се гради како ќе му текне на градоначалникот и дека не можело да се обезбеди вода за градот, но затоа можел да обезбеди хациенда.

– Промените во Македонија почнаа, нема враќање назад. Македонија мора да ја направиме држава со многу пријатели и просперитетна за сите, порача Заев.

– Нашата политика која се темели на четири столба, градење на план за чист воздух и чиста вода, враќање на парите кон граѓаните, како и отчетност и транспарентност во работата е потврда дека во Македонија и во Гевгелија се враќа животот за сите, нагласи Заев.

Тој нагласи дека за само три и пол месеци се скратени 45 милиони евра што се враќаат кон граѓаните, трајно е решен проблемот на 3.000 стечајни работници, 70 илјади работници ќе добиваат минимална плата од 12 илјади денари, а радиодифузната такса повеќе нема да се плаќа.

Заев рече дека верува оти во Гевгелија ќе победи Сашко Поцков не заради тоа што така покажуваат анкетите, туку затоа што Поцков е голем борец за правата и чесен човек и затоа што во Македонија е создадена победничка атмосфера.

Кандидатот за градоначалник Сашо Поцков вети пред гевгеличани многу проекти кои на Гевгелија и се неопходни како нова водоводна мрежа, нов градски парк, нови канализациски мрежи, нова катна гаража и уште многу други.

– Гевгелија е на крстопат дали да од напред или и понатаму да тапка во место. Ќе ги вложам сите мои капацитети и на чело со Владата ветувам дека ќе создадеме нова модерна европска и зелена Гевгелија во која ќе има живот за сите нас, рече Поцков и ги повика своите сограѓани на 15 октомври да го заокружат бројот 19.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ