Ахмети: Победата во Тетово е важна за ДУИ

Од:

Тетово е центарот на Албанците и токму затоа ни е важна победата во овој град, порача вечерва од промотивната Конвенција во центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово претседателот на ДУИ Али Ахмети.

– Тимот што вечерва стои зад мене е победнички. Ова се луѓето на чело со кандидатката за градоначалничка Теута Арифи кои имаат храброст и желба да го водат овој важен центар за Албанците. Ќе ја имаат целата поддршка од ДУИ за победа на изборите, а потоа започнува работата и реализирањето на нашата програма. Ние сме тимот што носи иднина и промени, рече Ахмети

Кандидатката за градоначалничка на општина на Тетово Теута Арифи потсети на сработеното изминативе четири години, но, рече оти промените не се доволни па токму затоа се бори за уште еден мандат.

-Пред четири години затековме град со низа проблеми, град кој 20 години имаше проблем со нормално водоснабдување, но, ние успеавме тоа да го решиме. Изградивме нов водовод, а за следните две години предвидуваме и реконструкција на стариот водовод – еден комплексен процес што ќе обезбеди здрава вода за сите. Изградивме паркови, воведовме зонско паркирање. Но останува уште да се сработи. Токму затоа овие избори ни се важни за да продожиме каде што застанавме, изјави Арифи.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски