Затуроска: Како е можно „Санос“ со три вработени да произведе 5 автобуси?

Од:

Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека „Санос“ наместо да одговори уште повеќе се заплеткува во скандалот бидејќи јавноста не видела работен процес, а ниту работниците. Според неа тие не кажале како фирма со 3 вработени, бројка која во јавноста била објавена, успеале да произведат 5 и да најават извоз на 70 други автобуси.

– Овде се работи за измама која може да се запише во Гинисовата книга на рекорди. Во ваква крајно сомнителна зделка уште посомнително е што Зоран Заев најави дека ќе и доделува државни субвенции во милионски износи. Граѓаните со право се прашуваат како се трошат нивните пари и дали се прават малверзации од кои ќе се одлеваат пари на приватни сметки, рече Затуроска.

Таа побара јавноста да биде информирана колку вработени има „Санос“ и дали тие изработуваат или само репарираат автобуси, бидејќи тоа е клучно околу исплатата на средства или поврат на ДДВ. Затуроска додаде дека според нивните информации има само тројца вработени и рече дека работа на обвинителството е да провери дали се работи за измама која завршува како криминал.

Би можело да ве интересира

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 33,19%, ДУИ 23,41% , Вреди 19,55%, СДСМ 11,19%, ЗНАМ 3,63%, Левица 5,08%

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата