Гелова Стојанова: СДСМ ја води државата кон економски колапс и банкрот

Од:

Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ за три и пол месеци создале хаос во економијата и дека денешната бледа прес-конференција на министерот за економија ја покажала безидејноста на СДСМ кога е во прашање економијата.

– СДС со својата расипничка политика ја води државата кон економски колапс и банкрот. Катастрофалната политика на СДС во економијата и обелоденувањето на договорите со странските инвеститори од државата ќе ги избрка постојните инвеститори и ќе затвори илјадници работни места. Лошата политика на СДС кон странските компании ќе ги демотивира сите потенцијални инвеститори, кои во идниот период планирале влез во Македонија, кои своите инвестиции ќе ги пренасочат кон некоја од соседните држави, со поповолна бизнис клима, рече Гелова Стојанова.

Таа додаде дека поради катастрофалната економска политика на владата дошло до пад на индустриското производство за 12 отсто, пад на прометот во индустријата за 0,7 отсто, пад на просечната нето плата и пад на извозот за 2,2 отсто.

– СДС за само три ипол месеци ја задолжи државата за нови над 250 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи цели 177 милиони евра. СДС со секој нов чекор ја заглавува економијата. Најавеното зголемување на даноци, кое според медиумите блиски до власта ќе се случи пред крајот на календарската година, ќе значи смрт за македонската економија, затворање на работни места, зголемување на невработеноста и следствен пат на животниот стандард. Таканаречениот план за енегретска ефикасност со кој се фали владата на СДС, а со кој се предвидува целосна либерализација на пазарот со електрична енергија ќе донесе повисоки сметки за струја за домаќинствата и до 60 отсто, рече Гелова Стојанова.

Таа рече дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе овозможи само повисоки профити за фирмите на Кочо Анѓушев, кои со по неколку вработени ќе книжеле милионски профити.

Би можело да ве интересира

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 33,19%, ДУИ 23,41% , Вреди 19,55%, СДСМ 11,19%, ЗНАМ 3,63%, Левица 5,08%

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата