Абе: Севернокорејската криза треба да се реши со притисок, а не со дијалог

Од:

Северна Кореја треба да се натера да се откаже од нејзината нуклеарна програма преку притисок, а не преку дијалог, изјави денеска во Њујорк јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

– Повотрно и повторно се покажа дека обидите за надминување на проблемите преку дијалог не доведоа до решение, оцени Абе во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

Тој истакна дека остана уште малку време во кое Пјонгјанг треба да биде натеран да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на ОН и да се откаже од своите „нуклеарни амбиции“.

– За да се постигне тоа потребен е приитисок, а не дијалог. Потребна е акција. Дали ќе успееме да ставиме крај на провокациите на Северна Кореја ќе зависи од солидарноста на меѓународната заедница, порача Абе.

Според него, Северна Кореја би можела да има „светла иднина доколку ги искористи потенцијалите на своите трудољубиви работници и подзмените ресурси“ за подобрување на домашната економија и животниот стандард.

– Но, ако претставува закана за човештвото, Северна Кореја ќе нема апсолутно никаква иднина, истакна јапонскиот премиер во обраќањето.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја