(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Од:

Шест лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати откако рекордните врнежи предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во делови од јапонската префектура Ишикава.


Градовите Ваџима и Сузу, кои сè уште се опоравуваат од разорниот земјотрес што ја погоди областа на 1 јануари, беа меѓу најтешко погодените од поплавите. Во неделата и двата града забележаа двојно повеќе врнежи од вообичаеното за септември, објавија локалните медиуми.

Десетици реки се излеаја од коритата, отсекувајќи ги патиштата и изолирајќи повеќе од 100 заедници низ префектурата, се вели во извештаите. Околу 4.000 домаќинства останаа без струја во понеделникот, објави „Хокурику електрик пауер“.


Две мртви лица се пронајдени во близина на тунелот погоден од одронот во Ваџима. Еден од нив бил градежен работник кој вршел поправки на патишта.

Меѓу другите жртви се двајца постари мажи и една постара жена, објави The Japan Times, повикувајќи се на локалните власти.

Регионот сè уште се опоравува од силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени во јануари, во кој загинаа најмалку 236 луѓе, се урнаа згради и предизвика огромен пожар.

Би можело да ве интересира

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите

Мадрид испрати помош за Валенсија

(ВИДЕО) Прва жртва од невремето кое ја зафати Италија

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ