Младинските организации бараат решение за проблемот за виза за престој на европски волонтери

Од:

Претставници на младински организации и на ресорните институции денеска на работилница дискутираа за проблемите и за можните решенија во процесот на издавање виза за привремен престој за волонтерите на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС).

Организациите кои работат со ЕВС програмата во изминатиот период се почесто се соочуваат со проблеми на одолжен процес на издавање виза Д за европски волонтери кои доаѓаат во Македонија.

Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА истакна дека дури 46 проценти од акредитираните младински организации кои во изминатиот период биле домаќин на европски волонтери во рамките на Еразмус+ програмата чекале повеќе од четири месеци за издавање виза за привремен престој за своите волонтери, а 54 отсто од нив чекале повеќе од два месеца.

– Сложеноста на процедурите за регулирање на престој за волонтерите, која е иста како и за регулирање на престојот на имигрантите, од една страна, како и ниското ниво на комуникација помеѓу ресорните институции по ова прашање од друга страна, се најчестите причини за ваквите состојби. Потребно е да се пристапи кон промени на Законот за странци во насока на олеснување на постапката за регулирање на престој за волонтерите од Европскиот волонтерски сервис, рече Илиески.

Учесниците на работилницата се загрижени затоа што одолговлекувањето на процесот на издавање визи за странски државјани преку ЕУ-програмата Еразмус+ резултура со откажување волонтери од проектите, губење средства и затоа што тоа му штети на угледот на Македонија кај државјаните на ЕУ.

Заклучоците од националната работилница кои ги вклучуваат предлозите на младинските организации ќе бидат доставени до Министерството за надворешни работи и до надлежните институции.

Настанот го организираше Коалицијата на младински организации СЕГА, која е национална платформа на младински организации активна во областа на лобирање за промени во младинските политики.

Би можело да ве интересира

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Стејт департмент: Лани над 26,29 отсто од барателите од Северна Македонија за виза во САД се одбиени

Гостиварка останала без пари: Измамничка за 1.700 евра и ветила виза за европска држава

Со косовски пасош во ЕУ без виза – Косово доби безвизен режим

А1он

Балтичките земји договорија влез за Руси само во исклучителни ситуации

А1он

Германија и Франција се против забраната за издавање визи за руските туристи

А1он