Хингинс: Го учев Федерер како се освојуваат трофеи

Од:

Некогаш најдобрата светска тенисерка Мартина Хингинс во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека таа го научила Роџер Федерер да освојува трофеи, додека двајцата биле млади.

– Секогаш кажувам дека го учев како да ја освои првата титула. Тогаш го освоивме и Сиднеј само едена недела подоцна. Имаше прекрасни моменти кои ги делевме. Сите знаеме што се случи потоа, изјави Хингинс.

Федерар заедно со Хингинс го освои првиот трофеј во Хофман купот во 2001 година.

Мартина во тој период имаше многу поголемо искуство од Роџер, а својата доминација ја најави уште на 17 години, за веќе на 19 години Хингинс да има освоено пет Грен слем трофеи.

Хингинс не криеше дека не и се допаѓа модерниот тенис.

– Жалам што понекогаш не гледам повеќе разноврсност во играта, а помалку тактика и стратегија. Кога сте во можност да воспоставите контрола во мечот, е тогаш добивате повеќе разноврсност во играта. Понекогаш помислувам дека тоа е заборавено. Па, тенисот е само игра, потенцира Хингинс.

Од тениските терени Мартина Хингинс се повлеча со неполни 23 години.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски