АББА планира „холограм турнеја“ во 2019 година

Од:

Шведската поп група АББА планира светска турнеја во 2019 година, речиси четири децении по последната официјална турнеја пред распадот во 1982.

Сепак, членовите на групата нема физички да присуствуваат на настапите, туку посетителите ќе ги гледаат на сцената како холограм.

Досега холограмите се користени само во случаи кога уметникот е починат, какви што беа виртуелните симулации на раперот Тупак на фестивалот „Коачела“ во 2012. и на Мајкл Џексон на доделувањето на „Билборд наградите“ во 2015 година.

Жан-Лук Меленшон, кандидатoт за претседател на Франција на минатогодишната предизборна кампања ја искористи техниката на холограм за неговиот говор да се чуе на седум собири во истовреме.

Иако членовите на АББА се живи, нивните гласови ќе бидат „позајмени“ од плочата од нивната австралиска турнеја од 1977 година.

Би можело да ве интересира

Тажните судбини на членовите на АББА: Бјорн воопшто не се сеќава на успехот, Агнета помина низ пекол

Предраг Петровиќ

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Почина тапанарот на легендарната група АББА

Горан Наумовски

Член на групата АББА се разведува по 41 година брак

„АББА“ денеска го објавува новиот албум

Ана Ололовска

„АББА“ објавија и трета песна од претстојниот албум

Ана Ололовска