Екипите на Карпош Соколи и на Работнички ќе ја претставуваат Македонија оваа сезона во европските клупски натпреварувања организирани од ФИБА.
Вицепрвакот Карпош Соколи попладне од 17 часот ќе биде домаќин на првата пресметка од двомечот со Калев во квалификациите за Лигата на шампиони. Натпреварот ќе се игра во ВИП арената при СЦ „Борис Трајковски“.
Калев Крамо доаѓа од Естонија. Во изминатите две сезони се закити со нови две круни во домашниот шампионат.
Најтрофејниот кошаркарски колектив Работнички ќе земе учество во квалификациите за Европа Купот. Противник на нашиот тим ќе биде руска Парма. Клубот од Перм во своето петгодишно постоење има само еден трофеј од националниот куп.
Работнички прво в четврток (21 септември) ќе гостува во Русија, а шест дена подоцна Парма доаѓа во Скопје.