Кавадарци денеска одбележува 148 години од отворањето на народно читалиште во селото Ваташа во 1869 година.
Историчарот Петре Камчевски информира дека Јордан Хаџи Константинов-Џинот пишувал за постоењето и функционирањето на читалиштето со напис во весникот „Право”. Тоа, споед него, упатува на претпоставка дека токму Џинот бил иницијатор за такво нешто во Ваташа.
-Просториите во кои било сместено читалиштето се наоѓале во училиштето кое го носело името на првиот македонски печатникар и преродбеник Даскал Камче Поп Ангелов. Селото Ваташа, било едно од првите од таков вид читалишта на село во Македонија. Било снабдено со весници, списанија и книги. На годишнината од формирањето на читалиштето, во 1870 година. Жителите на Ваташа по завршувањето на богослужбата во црквата Света Богородица заминале во читалиштето, па поголем дел од нив подариле пари-грошови за купување на нови ниги, вели Камчевски, кој е директор на кавадаречкиот музеј.
Како факт кој кажува дека селаните ја сакале книгата и имале почит спрема неа, Камчевски наведува дека во тоа време, од вкупно 312 македонски претплатници за книгата „Служение еврејско”, 38 биле од Тиквешијата. Од нив, 13 од Ваташа.