Прибе: Две години работа на СЈО, а се уште нема ниту една судска пресуда што создава перцепција на неказнивост

Од:

„Поминаа скоро 2 години откако започна СЈО започна со работа и нема ниедна ефективна судска пресуда, што создавa перцепција за неказнивост“, напиша во новиот извештај за Македонија, Рајнхард Прибе. Во вториот извештај на 29 страници, пишува дека од суштинско значење е да се утврди кривична одговорност на сите сторители, без оглед на политичката припадност, објави „Макфакс

„Минимален напредок е постигнат со масовниот скандал со прислушувањето и енормното кршење на човековите права и слободи, поврзан со отпочнувањето на истраги за оние кои грешеле и го кршеле законот. Но, неопходно е овие постапки да се одвиваат што позабрзано и како приоритетни“, пишува во извештајот.

Прибе во извештајот посочува дека истрагите на СЈО мора да продолжат и по истекот на рокот за поднесување обвиненија. „Потребни се законски промени, посебно во делот на членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство за продолжување на истрагите“.

„Сè уште јавностa има чувство дека институциите им служат на партиите и функционерите, а не на граѓаните и државата. Минимален прогрес е направен во врска со масовниот скандал со прислушувањето и енормното кршење на човековите права и слободи, поврзан со отпочнувањето на истраги за оние кои грешеле и го кршеле законот. Но, неопходно е овие постапки да се одвиваат што позабрзано и како приоритетни. Превенирањето и сузбивањето на корупцијата и непотизмот во сите нивоа од власта, мора да бидат врвен приоритет. Грешките од минатото не треба да се повторуваат и една форма нa киднапирана држава не смее да се замени со друга. Некои активности кои треба да се спроведат во блиска иднина неизбежно ќе бидат тест-случаи во овој поглед“, пишува во дел од извештајот.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов