Во ДИК утре ждрепка за рекламните паноа и билборди за локалните избори

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) утре во 13:00 часот ќе спроведе ждрепка на која ќе се распоредат локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со нив.

Комисијата ги повикува претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации и ценовници до ДИК да учествуваат во ждрепката. Доколку нема присутен претставник од понудувачите, извлекувањето ќе го изврши лице од стручната служба.

Политичките партии, учесници во изборниот процес, како што соопшти ДИК ќе може да присуствуваат и да го следат процесот на спроведување на ждрепката за рекламни паноа и билборди.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ