Врховен: Советот за утврдување на факти да поднесе писмено барање за увид

Од:

Откако Советот за утврдување на факти писмено ќе го образложи барањето за пристап, Судот ќе определи време и простор, велат за МИА од Врховниот суд на Република Македонија во врска со обвинувањата од Советот дека не им било дозволено да направат увид во предметот на СЈО, „Таргет и Тврдина“.

– Во време на одржување на јавна седница по повод жалба против пресуда за доживотен затвор, ниту безбедносно ниту технички е можно извршување на активности на Советот, истакнуваат од Врховен суд.

Оттаму додаваат дека Советот навремено писмено бил известен и оти на претставниците на Советот ќе им биде определен термин за прием во Судот во согласност со прописите.

– Со напомена дека целокупната писмена кореспонденција помеѓу Врховниот суд и Советот за утврдување на факти е доверлива, односно изнесувањето содржини од писмената кореспонденција со ознака ДОВ од страна на Советот претставува кривично дело, посочуваат од Врховен суд на РМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

Врховниот суд утврди начелен став за директна примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски